Силите на НАТО треба да преземат мерки во случај на “голем и драстичен напад на Русија” против која било од источноевропските држави, изјавил заменик-командантот на силите на НАТО во Европа ген. Адриен Бредшоу во говорот пред Кралскиот институт за истражување во областа на одбрана, пишува “Гардијан”.
Според неговите зборови, руското раководство може да користи “војници не само за закани и воздржување, нтуку и при освојувањето на територии на НАТО”. Бредшоу, истакнал дека таквите драстичен активности веќе биле забележани кај Русија “пред заземањето на Крим”. Според зборовите на генералот станува збор за т. н. Ескалационна доминација, кон која прибегнува Москва уште од советската ера.
Британскиот генерал додаде во својот говор пред лондонскиот институт дека во “ерата на постојано противење со Русија” НАТО мора да поддржува унифициран систем за заштита на источните граници, а исто така да се приспособи кон субверзивни дејства и други методи на хибридна војна применувани од Русите во Украина.
