Британски Канал 4: Мигранти-заложници во кумановско Ваксинце

од Vladimir Zorba
126 прегледи

Британски Канал 4 објави репортажа во која се тврди дека мигранти од Сирија биле држени како заложници во кумановското село Ваксинце и им се барал откуп од 1000 евра.

migranti3_0

Во сторијата се пренесуваат сведоштва во кои мигрантите велат дека биле грабнати од македонско – грчката граница.

Новинарската екипа успеала според џи-пи-есот на мобилниот на еден од заложниците да ја лоцира куќата во Ваксинце, но не им било дозовлено да влезат внатре под образложение дека е тоа приватен имот. Но, околу куќата цело време клужат вооружени лица.

Во прилогот се тврди дека криминалната група ја водел извесен Алибаба, кој е Авганистанец и кој се фалел дека ги подмитува македонските полицајци.

Владата на Македонија ги демантирала информациите на британската телевизија со тврдење дека полицијата не е вмешана во овој случај. Досега е казнет само еден полицаец, кој  бил обвинет за помагање при илегално спроведување на мигранти.

Веднаш по пренесувањето на сторијата на Канал 4 во македонските медиуми Либерално-демократската партија се јави со реакција дека Македонија со ВМРО – ДПМНЕ е како Аушвиц за мигрантите.

Оттаму порачуваат дека власта наместо со опозицијата треба да се занимава со чување на безбедноста на сите граѓани кои времено се наожаат на нејзина територија.

ЛДП бара по итно МВР да преземе мерки против сите криминални банди кои на било кој начин ги загрозиле животите на мигрантите.