За украинската криза Европа се однесува како лудак, гласи извештајот на Комитетот на лордовите на британскиот парламент за прашањата на ЕУ.
Оценката важи и за самата Британија, објави ББС Њуз. Документот го обвинува премиерот Дејвид Камерон и Министерството за надворешни работи, дека за време на кризата Велика Британија не пројавила “доволна активност и не правеше видливи напори” за негово решавање. Во исто време германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд станаа автори на уште мировна иницијатива.
Според лордовите, позицијата на Русија не беше предвидена и земена во потребниот степен, кога ЕУ стигна до потпишување на договор за асоцијација со Украина, што на крајот ја предизвика кризата.
Според зборовите на шефот на комитетот лорд Кристофер Тугендгат ” причина за катастрофалната разврска е и претставувањето на расположението во пресрет на кризата, што било недостатокот на сигурен и ефикасен аналитички потенцијал како во Велика Британија, така и во целата ЕУ”, прецизира уште БиБиСи Њуз.
Во извештајот се нагласува дека Британија, како и ЕУ немаат долгорочна стратегија за односите со Русија и една од причините за тоа е намалувањето на специјалистите за Русија во британското Министерство за надворешни работи. / РИА “Новости”
