Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли е снимен како бега и влегува во зграда во Офаким, јужен Израел, додека се огласуваат сирените за ракетен напад на Хамас.
Снимка од тој момент објави израелското Министерство за надворешни работи.
Да потсетиме дека Британија заедно со западните сојузници изрази цврста поддршка за Израел и ги осуди нападите на Хамас.
Watch: while UK FM @JamesCleverly visits Ofakim in southern Israel, a siren goes off warning of incoming Hamas rocket fire.
This is the reality Israelis live with every day. pic.twitter.com/QF4C4tReqL
— Israel ישראל 🇮🇱 (@Israel) October 11, 2023
Предвидено е Клеверли да се сретне со преживеаните од нападите и со високи израелски лидери за да ја покаже поддршката на Обединетото Кралство за правото на Израел да се брани.