Британски министер поднесе оставка по обвинувања за малтретирање

од Stefanija Kuzmanovska
210 прегледи

Сер Гевин Вилијамсон поднесе оставка од функцијата министер во владата на Обединетото Кралство по обвинувањата за малтретирање, велејќи дека сака да се ослободи од „било какво недело“.

Министерот беше обвинет дека минатиот месец испратил навредливи пораки до колега од ториевците и малтретирал висок државен службеник, пишува Би-Би-Си.

Тој додаде дека тврдењата стануваат „одвлекување“ од „добрата работа“ на владата.

Во писмото за оставка, тој наведува дека ја напушта владата со „огромна тага“, но му понудил на премиерот Риши Сунак „целосна поддршка“.

Подоцна на својот Твитер профил објави дека нема да зема отпремнини, додавајќи дека парите треба да одат за владините приоритети како „намалување на листите на чекање на Националната здравствена служба“.

Како одговор, премиерот Сунак рече дека ја прифатил оставката на министерот „со голема тага“ и му се заблагодари за „поддршката и лојалноста“.

Слични содржини