Британски разузнавачи: Најавата за испраќање на руската армија во Белорусија е тактичка измама

од Stefanija Kuzmanovska
137 прегледи

Британското министерство за одбрана тврди дека Русија организирала кампања за одвраќање на вниманието објавувајќи дека 70.000 белоруски војници ќе бидат вклучени во новата руско-белоруска воена група на границата со Украина.

Според новиот извештај на британското воено разузнавање, малку е веројатно дека Русија навистина испратила значителен број војници во Белорусија, а најавата веројатно е обид да се убеди Украина да ги подели своите сили и да испрати дел од армијата на северната граница.

„Русија веројатно не е способна да создаде формации на таква сила подготвена за борба, нејзините сили се окупирани во Украина“, наведуваат разузнавачите, додавајќи дека белоруската армија многу веројатно има само минимални способности да преземе сложени операции.

Слични содржини