Британскиот амбасадор: Претстојат уште чекори за договорот од Пржино

од desk3
85 прегледи

 

Работите во однос на исполнувањето на договорот од Пржино се одвиваат добро. Очекуваме позитивни чекори и понатаму, за што е потребна напорна работа, компромис, одговорност, како и конструктивен пристап од сите вклучени во процесот, изјави денеска во Скопје британскиот амбасадор Чарлс Гарет.

charles

 

– Договорот од Пржино сам по себе е големо достигнување и чекорите кои се преземени по неговото донесување се големи како што е враќањето на опозицијата во Парламентот, договорот за специјалниот обвинител. Но, претстојат уште чекори. Не очекува договор околу изборното законодавство, потоа назначувањата на министерските функции, како и однесувањето на сите политички актери во време на изборната кампања и изборите следната година, кои што за Македонија ќе бидат многу значајни. Засега работите се одвиваат добро очекуваме позитивни чекори и понатаму, но за тоа да се случи ќе биде потребна напорна работа, компромис и одговорност, како и конструктивен пристап од сите вклучени во процесот, рече Гарет во изјава за новинарите по обраќањето на конференцијата „Освојување на граѓанските слободи:од Магна Карта до Карта Македонија“./МИА