Британскиот министер за одбрана: Ќе испратиме повеќецевни ракетни системи во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
254 прегледи

Обединетото Кралство ќе испрати повеќецевни ракетни системи во Украина за да ѝ помогне да се одбрани од Русија, изјави британскиот министер за одбрана Бен Валас, пренесува Си-Ен-Ен.

Британија ќе испрати лансери М270 кои ќе можат да погодат цели до 80 километри, што ќе овозможи „значително зголемување на можностите на украинските сили“, се наведува во синоќешното соопштение на британското Министерство.

Велика Британија стои на страна на Украина и презеде водечка улога во снабдувањето на нејзините херојски трупи со клучно оружје.