254
Британскиот министер за одбрана Бен Валас денеска го осуди рускиот претседател Владимир Путин тврдејќи дека тој и неговите генерали го одразуваат фашизмот и тиранијата од пред 77 години и дека нивната инвазија на Украина, според него, го обесчестува военото минато на Русија.
Во говорот кој се поклопи со руската парада по повод Денот на победата над фашизмот и крајот на Втората светска војна, Валас рече дека руските генерали се соучесници како и нивниот претседател и дека треба да се соочат со воен суд, пренесува „Ројтерс“.
„Преку инвазијата на Украина, Путин и неговиот внатрешен круг сега прикажуваат фашизам и тиранија од пред 77 години, повторувајќи ги грешките на тоталитарниот режим од минатиот век“, рече тој.