214
Британските пратеници денес усвоија декларација со која се изјаснија дека кинеската политика против Ујгурите во западниот регион претставува геноцид и злосторства против човештвото.
Декларацијата не е обврзувачка и не ја принудува британската влада да дејствува, но тоа е уште еден притисок од Велика Британија поради наводни повреди на човековите права во Кина.
Пратениците оценија дека сите елементи на геноцид биле забележани во третманот на Ујгурите – намерата за целосно или делумно уништување на национална, етничка, расна или религиозна група.
Кина ги негира обвинувањата дека Ујгурите биле подложени на принудна работа, систематска контрола на раѓањето и тортура во масовните логори.