Британскиот премиер Стармер: Шверцерите на луѓе преку Ла Манш се терористичка закана

од Илинка Илиоска
10 прегледи

Банди шверцери на луѓе кои испраќаат мигранти преку Ла Манш се сериозна закана за глобалната безбедност и треба да се сметаат за терористичка закана, рече денеска британскиот премиер Кир Стармер на конференција на Интерпол во Шкотска.

Тој рече дека неговата влада „кон тие банди ќе примени пристап за борба против тероризмот“, што значи поголема соработка меѓу агенциите за спроведување на законот, поблиска координација со другите земји и поголеми овластувања за вклучените агенции.

Стармер рече дека неговата влада бара нов договор со ЕУ за обновување на размената на разузнавачки информации.

Тој најави зголемување на двегодишниот буџет на Командата за гранична безбедност на ОК од 75 милиони фунти (88 милиони евра) на 150 милиони фунти (177 милиони евра) за финансирање на високотехнолошка опрема за надзор.

Високи полициски и владини претставници од 196 земји, членки на Интерпол, учествуваат на четиридневен конгрес на тоа глобално полициско тело во Глазгов, Шкотска.

Слични содржини