196
Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека не е во позиција да и каже на Индија која страна да ја заземе во однос на руската војна во Украина.
– Јас не сум човек што би и кажал на Индија каква позиција да заземе за меѓународните прашања, но знам дека таа ги почитува меѓународното право, Повелбата на ОН и го почитува територијалниот интегритет“, рече Сунак во интервјуто на Сунак за индиската новинска агенција АНИ.
Досега Индија не ја обвини Москва за војната и повикува на решение преку дијалог и дипломатија. Весникот „Фајненшл тајмс“ денеска објави дека Сунак ќе го повика својот индиски колега да ја „критикува“ Русија за војната.