311
Високозаразниот вид на ковид, кој се појави во Велика Британија во септември, беше откриен во уште осум држави минатата недела.
Тоа значи дека вкупниот број држави што го пријавиле британскиот вид се искачил на 94, објави Светската здравствена организација (СЗО).
Кога станува збор за јужноафриканскиот вид, тој е регистриран во уште две држави, така што бројот на држави што го откриле сојот 501Y.V2 на нивна територија сега е 46, објави агенцијата ТАС С.
Бразилскиот вид П.1 беше пронајден во уште шест држави минатата недела, а сега се наоѓа во 21 држава низ светот.