Британските конзервативци ги подобруваат резултатите пред изборите

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Најновата анкета за популарноста нарачана од страна на левичарската опозиција објавена во “Гардијан” покажува изненадувачки добар резултат за владејачките конзервативци.

Според заедничката анкета со ICM ториевците нагло ја зголемиле попиларноста за 6 поени и сега изнесува 39% и се во предност пред лабуристите, кои губат 2 поени или уживаат доверба кај 33% од гласаќкото тело. Либерал-демократите од владејачката коалиција ги задржуваат своите 8%, а Антиевропските Партија на независноста (UKIP) ја губи популарноста со 2 поени до 7% – колку што има и партијата на Зелените, кој пак додаде 3 поени.

Повеќето анкети покажуваат речиси еднакви резултати меѓу конзервативците и лабуристите за парламентарните избори на 7 мај. Истражување на Populus, направено на 10-12 април, на ист број на анкетирани лица укажува на тоа дека двете големи партии имаат по 33% со тенденција конзервативците да го подобруваат резултат.

Податоците од анкетата на ICM покажуваат дека владејачката десница е во најдобра позиција од март 2012г. наваму и изгледа и дава ветувачки резултати за стратегијата пред изборите да се фокусира на две теми – лидерски вештини и пристапот за развој на економијата.

Социолозите велат дека резултатот им е во рамките на стандардните плус / минус 3 процентни поени грешка, но и дозволен профил на испитаниците да даде лесен надмоќ на симпатизер на десницата.

“Гардијан” ги објави податоците од сите агенции и проценува дека ториевците и лабуристите да се израмнети – 33,7% за конзервативците и 33,6% за лабуристите. Либерал-демократите со постојано левите негови пораки собираат во просек 8,2%, UKIP е со тенденција да ја губи поддршката и е на 13,3%, додека Зелените би требало да добијат 5.3% на изборите.