Британските пратеници предложија на украинскиот претседател Володимир Зеленски да му се додели титулата витез.
Тие побараа од премиерот Борис Џонсон да го номинира Зеленски како знак на признание за храброста и инспиративното лидерство, објави „Сан“.
Пратениците од сите британски партии го повикаа премиерот да му ја додели почесната титула на Зеленски, по неговиот возбудлив говор пред британскиот парламент, преку видео-врска од неговото засолниште во Киев.