Британските туристи се најконзервативни на плажа

од Vladimir Zorba
71 прегледи

При фразата “Британец во странство” во главите на многумина испливува сликата на Англичаните, кои ги оставиле сите инхибиции дома.People-pack-the-beach-at-Scarborough

Сепак, истражувањата покажуваат дека британските туристи всушност се порезервирани отколку што мислиме. Најконзервативни се во однос на голотијата, покажува анкета на 6.000 Европејци  однесувањето на плажа.

Резултатите покажуваат дека 20% од британските туристи не сакаат да се изложуваат премногу на сонце, а 41% скоро секогаш носат маица или крпа на плажа. За споредба исто прават 7% од Французите и Германците и 4% од Италијанците и Шпанците.

Нудизмот исто е табу тема за Англичаните. Речиси 30 проценти од испитаниците изјавиле дека се против сончање без костими. Подеднакво од испитаниците изјавиле дека нема да бидат задоволни ако нивниот партнер се соблече на плажа.

На 40% од британските туристи не им се допаѓаат и премногу откроени костими за капење.Италијанците и Германците се отворени во однос на изгледот и само 13 и 17% соодветно гледаат со лошо око на жените со откроени костими. И тоа не е сè. 41% од Британците се карале за премногу силна музика на плажите.