Британското министерство за одбрана во својот извештај утринава објави оценка за состојбата на руските воздухопловни сили и нивните загуби во тој воен сектор од почетокот на инвазијата на Украина.
Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, изјави дека Русија изгубила повеќе од двојно повеќе авиони во Украина во споредба со советско-авганистанската војна.
Според неговите тврдења, тие изгубиле 278 авиони во Украина, додека во Авганистан таа бројка била 119.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 07 November 2022
Find out more about the UK government's response: https://t.co/nOk01oHSNN
🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/bmQn6FHZYH
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) November 7, 2022
Иако Министерството не можеше независно да ги потврди овие бројки, оттаму наведуваат дека недостатокот на руската војска во воздухопловниот сектор веројатно е влошен поради лошата обука, загубата на искусни авионски екипажи и зголемените ризици во густите украински зони за воздушна одбрана.
„Мала е веројатноста дека тоа ќе се промени во следните неколку месеци. Загубите на руските авиони веројатно значително го надминуваат нивниот капацитет за производство на нови конструкции на авиони. Времето потребно за обука на компетентни пилоти дополнително ја намалува способноста на Русија да ја обнови својата борбена авијација“, се наведува во нивниот извештај.