Велика Британија се подготвува да ја добие и четвртата вакцина, откако француската фармацевтска компанија „Валнева“ ќе започне да прави 60 милиони дози за неколку дена. Велика Британија досега одобри употреба на вакцини направени од „Фајзер/Бајонтек“, „Модерна“ и „АстраЗенека“.
Минатиот месец, „Валнева“ ги започна првите клинички испитувања на нејзиниот кандидат за вакцина КОВИД-19 на четири локации во Англија.
Валнева развива вакцина со целиот, неактивен вирус, што е потрадиционален пристап кон создавање на вакцини отколку пристапот „Фајзер/Бајонтек“, кој е веќе одобрен во Велика Британија.
Водечките луѓе на „Валнева“ се надеваат дека ќе добијат одобрување од регулаторното тело за здравство на Велика Британија и ќе започнат со поширока дистрибуција во текот на летото, објави весникот „Сан“.
Извршниот директор Томас Лингелбах изјави дека производството штотуку започнало и дека нивната фабрика во Ливингстон, Шкотска е „приоритет“.
„Денови не делат од почетокот на масовното производство на вакцината. Не можеме да го дистрибуираме без одобрение од регулаторното тело, така што на некој начин сме во ситуација „квака-22“ (парадокс), но разговараме со луѓе од регулаторното тело“, рече Лингелбах.