Министерството за одбрана на велика Британија на Твитер објави нова карта на руските воени напади врз Украина.
„Неиспровоцираната и незаконска инвазија на Украина продолжува“, се вели во соопштението на Министерството.
Меѓу другото, мапата ги прикажува нуклеарните централи, локациите на конфликтот од почетокот на инвазијата, областите под руска контрола, насоките на напредокот на руската армија, како и можните идни насоки.