Британците со часови чекале на дожд за да ѝ оддадат почит на кралицата Елизабета

од Stefanija Kuzmanovska
216 прегледи

Илјадници Британци и вечерва продолжија да ѝ оддаваат почит на кралицата Елизабета Втора, чиј ковчег е изложен во Вестминстерската сала во Лондон, а многумина чекаат во редици со часови низ центарот на Лондон.

Некои од нив спиеле на тротоарот во текот на ноќта, издржувајќи на дождот, за да си го обезбедат местото во линијата која се протегала од Вестминстерската сала до 15 километри, пренесуваат агенциите.

Меѓу насобраните има и такви кои пристигнаа во име на нивните постари родители, оние кои сакаат да бидат дел од историјата и оние кои сакаат да ѝ се заблагодарат на жената која беше на власт од 1952 година и извршуваше службена должност дури и два дена пред да почине.

Слични содржини