Бритни Спирс објави фотографија на Инстаграм на која позира со свртен грб и на своите обожаватели им го објасни значењето на тетоважата што ја има на вратот.
„Тaа е на хебрејски јазик, тоа е јазик кој се пишува наназад“, напишала таа покрај фотографијата на која позира со грбот кон фотоапаратот и ја крева косата со рацете.
„Pишува„ Мем Хеј Шин “, што значи заздравување“. Тоа е мојата омилена тетоважа, но иронично, никогаш не ја гледате“, додаде таа, објаснувајќи дека нејзината тетоважа ретко се гледа бидејќи е претежно покриена со нејзината долга коса.
Фановите беа воодушевени од нејзината фотографија, но сепак најдоа една замерка на истата.
Со оваа објава Бритни собра над 290 илјади лајкови за помалку од половина ден, а некои коментираа дека треба да користи заштитен фактор на своето тело пред да се сонча, бидејќи бојата на кожата ѝ била црвена.