Бритни: Се чувствувам безнадежно, знаете само половина од она што се случува

од Stefanija Kuzmanovska
299 прегледи

Бритни Спирс рече дека се чувствува „целосно безнадежно“ откако судијата го одби нејзиното барање „веднаш да го отстрани нејзиниот татко Џејми“ од неговата улога на старател.

Адвокатот на поп-sвездата, Метју Ес Розенгарт, побара итно сослушување минатата недела за да се разгледа статусот на Џејми Спирс, кој продолжува да управува со финансиите на неговата 39-годишна ќерка, и покрај нејзините неодамнешни повици да биде отстранет од таа позиција.

Меѓутоа, судскиот поднесок на една страница во Лос Анџелес покажува дека судијката Бренда Пени го одбила барањето за одложување на рочиштето.

Откако беше потврдено дека рочиштето нема да се одложи, Спирс објави на Инстаграм дека фановите „знаат само половина“ од она што се случува.

Слични содржини