Бритни Спирс им одговори на „хејтерите“ кои на Инстаграм ја критикувале поради фотографијата во бикини. Под фотографијата на која е напишано: „Никој не те гледа посилно од луѓето кои не можат да те поднесат“, пејачката се осврнала на коментарите кои биле упатени на сметка на нејзините објави.
https://www.instagram.com/p/B922HuKAQan/?utm_source=ig_embed
„Прочитав многу работи на интернет, како луѓето ги критикуваат моите објави бидејќи објавувам 25 фотографии со иста црвена позадина и дека носам исти бикини и едноставно ми се допадна црвената позадина. И морав да го споделам ова со вас бидејќи ме повреди. Не би требало така да пишувате за никого. Тешки се времињата во кои живееме и навистина би било добро да бидеме љубезни едни кон други“, напишала пејачката.
https://www.instagram.com/p/B9XZ1-cAbaT/?utm_source=ig_embed