Бритни Спирс, Џеј Ло. Селена Гомез и голем број изведувачи со песна за жртвите во Орландо (видео)

од Vladimir Zorba
73 прегледи

 

Бритни Спирс, Пинк, Адам Ламберт, Селена Гомез, Гвен Стефани, Меган Трајнор, Мери Џеј Блајџ, Џејсон Деруло и Трој Сиван се меѓу 24 -те пејачи кои ја снимија песната „Hands“ за жртвите во неодамнешниот напад во геј клуб во Оландо.

Тие со песната сакаа да оддадат почит на жртвите кои пред помалку од еден месец се убиени во најголемото масовно пукање во американата историја.Hands”-A-Song-for-Orlando

Овој чин предизвикан од хомофобија ги здружи музичарите за да соберат финансиски средства за семејствата на починатите. Песната ја напишаа Џастин Трантер и Џулија Мајклс, кои го напишаа и хитот на Џастин Бибер „Sorry“, а моментално работат со Селена Гомез.