Бритни Спирс ги нападна „Њујорк Тајмс“ и „Би-Би-Си“: „Лицемерни сте“

од Vladimir Zorba
204 прегледи

Во нова објава на својот Инстаграм профил, Бритни Спирс ги критикуваше „Њујорк Тајмс“ и „Би-Би-Си“, кои стојат зад популарните документарни филмови за нејзиниот живот.

„2021 година. дефинитивно е подобра од 2020 година, но не знаев дека ќе биде вака. Толку многу документарци и туѓи мислења за мене … Можам да кажам дека сум многу поласкана“, започна Бритни во објавата покрај видеото во кое игра во кратки шорцеви и црвен топ, а потоа продолжи со документарците „Framing Britney Spears“ и „The Battle for Britney Spears“.

„Овие документарни филмови се многу лицемерни. Тие ги критикуваат медиумите, а потоа го прават истото“, продолжи таа.

„Иако имав многу тешки моменти во мојот живот, имаше многу повеќе прекрасни, но се чини дека светот е заинтересиран за негативата, за жал“.

Инаку, Бритни често објавува видеа на кои танцува, а реакциите на нејзините обожаватели се поделени. Некои веруваат дека тоа и помага, додека други тврдат дека не е психички избалансирана.

Бритни ќе оди на суд следниот месец во врска со старателството што Џејми Спирс, нејзиниот татко, го има над неа и нејзините финансии, од 2008 година.

Слични содржини