Пејачката Бритни Спирс денеска се обрати пред судот во Лос Анџелес во клучен момент за битката што ја води против нејзиниот татко, за кого тврди дека и ја одзел можноста да управува со финансии и деловни активности. Таа на сослушувањето рече дека само сака да си го врати животот.
Поп-sвездата разговараше со судијата Бренд Пени за проблемот со старателството, поради што не може да ги контролира своите пари од 2008 година. Ова е прво судење што е отворено за јавноста во постапката што Бритни ја води 13 години против нејзиниот татко.
Учествуваше од далечина и самата го побарала сослушувањето, за да може да ја објасни својата страна на приказната.
-Не сум среќна. Не можам да спијам. Многу сум лута, тоа не е нормално и сум во депресија, луто му рекла Бртини на британскиот судија.
-Последен пат кога разговарав со тебе … се чувствував мртво. Ова ви го повторувам затоа што мора да разберете дека не лажам. Можеби сега ја разбирате длабочината и степенот на мојата штета. Заслужувам промени“, им рекла Бритни на сите во судницата.
Таа страсно зборувала за тоа како сака да го промени својот живот и да стави крај на процесот на старателство без лекарска проценка, со оглед на бројот на тестови што ги поминала низ овие години.
Најболниот дел од нејзиното сведочење е моментот кога призна дека нејзиниот тим, предводен од нејзиниот татко, не сакал да забремени со друго дете.
„Сакав да имам можност да се омажам и да имам деца, но тие не го сакаа тоа …“
Додека Бритни ги споделувала најтешките моменти од својот живот и битката што ја водела долги години, нејзините верни фанови се собраа пред судот, иако таа не се појави таму. Тие носеа транспаренти на кои пишувало „Ослободете ја Бритни“ и го поддржале нивниот идол.
Бритни е под надзор на старател од 2008 година и е силно против нејзиниот татко Џејми Спирс да биде чувар на нејзините работи и финансии. Џејми претходно се повлече од таа позиција поради здравствени проблеми.