Бритни Спирс најави нов проект, а открива и некои шокантни детали

од Vladimir Zorba
366 прегледи

Бритни Спирс не престанува да ја воодушевува јавноста. Пред дваесетина години блескаше на светските сцени, уживаше во прекарот на поп принцеза, но со песната „Лаки“ како да си ја предвиде иднината и дека ќе дојде момент во нејзиниот живот кога сè ќе тргне надолу.

Во моментов поп принцезата само ги загрижува обожавателите, а социјалните мрежи како ТикТок се преполни со објави во кои се зборува за нејзините чудни постапки.

„Пипл“ ексклузивно дозна дека Спирс наскоро ќе го објави своето книжевно дело насловено „Жената во мене“ на 24 октомври.

Во книгата таа ќе ја раскаже својата храбра и зачудувачки трогателна приказна за слободата, славата, мајчинството, опстанокот, верата и надежта.

Се верува дека мемоарите ќе разјаснат каде тргнало наопаку и зошто толку многу и замерува на својата сестра.

„Само сакам да си го вратам животот“, рече Спирс во 2021 година на суд, кога се бореше да стави крај на старателството над нејзиниот живот. Имено, од 2008 година нејзиниот татко и го регулирал личниот живот и имотот вреден 60 милиони долари, а се се случило откако таа доживеала јавен ментален слом и била подложена на третман за психички проблеми, чии детали засега не се објавени.

Сепак, нејзиниот живот сега и припаѓа само на неа, но фановите се полни со сомнежи во намерите на нејзиниот сопруг Сем Асгари, за кој тврдат дека не влегол во бракот со чисто срце.

Слични содржини