Бритни Спирс објасни зошто постојано објавува голи слики на Инстаграм: „Знам дека многу луѓе не разбираат…“

од Vladimir Zorba

Бритни Спирс во своите претстојни мемоари „The Woman in Me“ објасни зошто често позира гола на Инстаграм, пренесува Page Six.

– Знам дека многу луѓе не разбираат зошто сакам да се сликам гола или во нова облека… Но, мислам дека би разбрале доколку другите луѓе ги фотографираат илјадници пати, ако ги „боцкаат“ и ги прашуваат да позираат. Тогаш би разбрале дека навистина уживам да позирам онака како што се чувствувам најдобро и најсекси – пишува пејачката.

Спирс, која беше под старателство на нејзиниот татко од 2008 до 2021 година, во последните години сподели безброј голи фотографии и видеа на социјалните мрежи, покажувајќи го своето тело на плажите ширум светот и позирајќи топлес додека јава коњ.

Провокативните објави се причина за кавгата меѓу пејачката и нејзините два сина Престон (18) и Џејден (17) кои ги дели со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн.

– Мора да објави нешто на Инстаграм за да привлече внимание – изјави Џејден за британскиот ITV минатата година.

– Ова трае со години и години и години, и постои голема веројатност дека навистина никогаш нема да престане – додаде тој.

Федерлајн рече дека често им објаснува на Престон и Џејден дека Инстаграм е „само уште еден начин нивната мајка да се обиде да се изрази“.

Сепак, 45-годишниот диџеј е свесен дека на момчињата може да им биде „тешко“ да ја видат својата мајка гола на интернет.

– Не можам да замислам какво е чувството да си тинејџер, да одиш во средно училиште… Којзнае колку луѓе ги прашуваат за тие фотографии или разговараат со нив за тоа… – рекол нивниот татко.

Спирс, всушност, не ги видела Престон и Џејден речиси две години, но таа неодамна потврди за Page Six дека тие повторно се поврзале „по телефон“, пред тинејџерите да се преселат на Хаваи со нивниот татко во август. Извори, исто така, изјавија за Page Six дека поп-ѕвездата разговарала со децата за нејзината книга, која се појавува во книжарниците ширум светот оваа недела.

И покрај нивното отуѓување, Спирс им ја посвети „Жената во мене“ на Престон и Џејден, пишувајќи на почетокот на книгата дека тие се „љубовта на нејзиниот живот“.

Слични содржини