Бритни Спирс (41) неодамна ги изненади сите со објавата дека го очекува своето трето дете, а сега одлучи да сподели фотографии со 41 милион следбеници на Инстаграм од времето пред да дознае дека е бремена.
Бритни, која наскоро ќе се омажи за Сем Асгари, објави фотографии од летниот одмор во Мексико на кои е целосно гола. Бритни на истата фотографија на која со раце ги покрива градите и има „срца“ на меѓуножјето употреби неколку филтри за убавина.
„Еве ги сликите кога последен пат бев во Мексико, зошто на одмор секогаш изгледам десет години помлада? Овие слики се направени пред да дознаам дека имам бебе во себе“, напишала бремената Бритни.
На фотографиите се гледаат и тетоважи на интимни места, но придружниците се загрижени и мислат дека Бритни не се однесува нормално.
„Повторно ѝ треба помош“, е само еден од коментарите на фотографиите.