ПЕЈАЧКАТА Бритни Спирс објави гола фотографија на Инстаграм. На неа позира со свртен грб и јасно е дека не носи облека.
Дел од нејзините обожаватели се убедени дека Бритни ја нема на фотографијата, иако изгледа како неа поради бојата на косата.
Некои пишуваат „Free Britney“, што е името на движењето што го започнаа обожавателите кои јавно се борат за нејзино ослободување, додека други изразуваат сомнеж дека на објавената фотографија не е пејачката.
„Знаеме дека не си ти“, „Каде се нејзините тетоважи на оваа фотографија?“, „Луѓе, знаете дека не е Бритни, нели?“, „Каде е тетоважата со самовила?“, „Нешто не е во ред со оваа фотографија“, се само некои од коментарите на следбениците.
Инаку, Бритни има две тетоважи на грбот – мала самовила на дното на ‘рбетот и хебрејски симбол на задниот дел од главата.
Другите следбеници заклучиле дека е можно едната тетоважа да е исечена од фотографијата, додека другата да е покриена со коса.