Бритни Спирс проговори за разводот: „Глумев дека се е совршено, но тоа беше далеку од вистината“

од Stefanija Kuzmanovska
435 прегледи

По 14 месеци брак, светската поп ѕвезда Бритни Спирс и нејзиниот сопруг Сем Ашгари се разведуваат. Барањето го поднел тој, а како што пишува Page Six, тој наводно сака да извлече пари од популарната пејачка.

Бритни одлучи да го прекине молкот, а во свој стил се огласи на својот Инстаграм профил додека пееше. Таа напиша опширна порака и им се заблагодари на своите најблиски за поддршката. Како што наведе, телепатски ја почувствувала и додала дека е шокирана што на нејзиниот брак му дошол крајот.

„Како што знаете, Сем и јас повеќе не сме заедно. Да бидам со некого шест години, колку е тоа, малку сум шокирана, но… не сум тука да се објаснувам, искрено, тоа не е ничија работа. Навистина не можев повеќе да ја поднесам болката. Телепатски некако ми стигнуваат пораки од пријатели, поддршка која ми го топи срцето и сум ви благодарна за тоа. Бев силна овде долго време, се изгледаше совршено, но беше далеку од вистината. Мислам дека сите го знаеме тоа. Би сакала да ги покажам моите емоции, солзи, како навистина се чувствувам, но поради некоја причина, секогаш го криев тоа.

 

Да не бев ‘татина воинка’ ќе ме праќаа на разни места, за да ме ‘средат’ лекарите! А тогаш најмногу ви треба семејството. Претпоставувам дека треба да те сакаат безусловно, не од конкретни причини. Значи, ќе бидам силна колку што можам. Всушност, добро сум. Како и да е, се најдобро и не заборавајте да се смеете“, заклучила Бритни.

Слични содржини