Бритни Спирс се враќа на музичката сцена: Сними дует со Елтон Џон

од Stefanija Kuzmanovska
344 прегледи

Бритни Спирс се враќа на музичката сцена. Имено, јавноста наскоро ќе го слушне нејзиниот дует со Елтон Џон, односно обработка на неговата песна „Tiny Dancer“ од 1971 година.

Како што дознава Page Six, тие го снимиле дуетот минатата недела во студио во Беверли Хилс. Universal Music ќе го објави следниот месец.

„Ова беше негова идеја, а Бритни го обожава. Снимија обработка на легендарниот сингл Tiny Dancer и навистина звучи неверојатно“, рекол неименуван извор.

Тој додаде дека ова дефинитивно ќе биде хитот на летото и дека Бритни со нетрпение го очекува својот голем камбек. Инаку, последниот сингл наречен „Slumber Party“ го објави во 2016 година.

Минатата година, магазинот „Ролинг Стоун“ ја вклучи песната на Елтон Tiny Dancer меѓу 500-те најдобри песни на сите времиња. Таа го зазеде 47-то место.

Слични содржини