Бритни Спирс се врати на пеењето: Фановите воодушевени (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
231 прегледи

Поп принцезата Бритни Спирс се огласи на Инстаграм и запеа по долго време. Иако песната „Baby One More Time“ на многумина им е позната од поодамна, пејачката сега ја изведе во нова верзија, со својот вистински глас.

„Ова сум јас вчера како перам алишта и средувам облека. Не сум го објавила својот глас долго време… можеби предолго… и еве ме дома и ја пеам втората верзија на ‘Бејби’“, започна таа во објавата.

Таа потоа рече дека на таа верзија на песната всушност работи со години и се надева дека повторно ќе објави ажурирана верзија.

Вели дека семејството ѝ ја уништило новата верзија што ја снимила, па сега повторно ја испеала со свој глас.

„Ме уништија, ме посрамотија и направија да се чувствувам како ништо! Тоа е вистината“, порача Бритни.

Пејачката во текот на кариерата често го криела својот подлабок вистински глас, а за тоа го обвинувала и семејството. Таа со својата изведба ги воодушеви обожавателите, а многумина ѝ дадоа поддршка.

Слични содржини