Бритни Спирс си го промени името

од Nikola Popovski
375 прегледи

Во нова објава на Инстаграм, американската пејчака Бритни Спирс повторно ги шокираше своите фанови со низа бизарни објави, а меѓу другото соопшти дека има потешкотии да го разбере англискиот јазик откако го променила своето име.

Бритни, која претходно тврдеше дека го променила своето име во Ривер Ред, сега тврди дека се вика Ксила Марија Ривер Ред, а во објавата се обидела да им го опише на обожавателите, своето искуство на одмор.

„Откако го сменив името во Ксила, имам потешкотии со разбирањето на англискиот јазик“, објавила таа. Меѓу другото, Спирс раскажала како видела ракови на плажа и дека пливала гола во морето, но и дека се изгубила додека возела велосипед и дека не ѝ дозволиле да управува со брод.

За потсетување, пејачката веќе подолго време ги загрижува фановите со своето однесување, а на Инстаграм ја исклучи опцијата за коментар под објавите.

Слични содржини