Откако актерката Алиша Милано објави на Твитер дека е загрижена за здравјето на пејачката Бритни Спирс и побара некој да оди да ја провери, Бритни бурно реагираше и ја обвини Алиша дека ја малтретира.
Пејачката Бритни Спирс ја обвини актерката Алиша Милано за „малтретирање“ откако актерката објави твит што ја навреди.
Someone please go check on Britney Spears.
— Alyssa Milano (@Alyssa_Milano) December 21, 2022
„Нека оди некој да ја провери Бритни Спирс“, напиша актерката на својот профил.
Бритни неодамна имаше проверка од полицијата, откако обожавателите изразија загриженост за неа.
„Ме растажува кога гледам коментари на некој кој не ме познава. Ова дефинитивно изгледа како форма на малтретирање“, напиша Бритни на својата приказна на Инстаграм, споделувајќи го твитот на актерката.
„Дами, треба да се бодриме едни со други, а не да се навредуваме“, додаде Бритни.