Пејачката Бритни Спирс сподели објава на Инстаграм посветена на нејзините синови.
„Нема ништо посилно од љубовта меѓу мајката и синот“, пишува таа на фотографијата што ја сподели.
Во описот на фотографијата, таа ги извести следбениците дека нејзините синови Шон Престон и Џејден Џејмс ги прославиле родендените минатата недела.
„Роденденот на моите момчиња беше минатата недела. За жал, тие растат и сакаат да прават свои работи. Морам да побарам дозвола од нив да ги објавам бидејќи тие се исклучително независни мали мажи. Како и да е, имавме мала забава и сладоледи“, Напиша Бритни …
„Ме полудува што се толку високи и се уште растат. Отидоа на танцување минатата недела, а јас плачев два дена. Моите бебиња во одела. Лудо е. Девојки, подгответе се затоа што моите момчиња се толку убави“, вели пејачката.
Таа се осврна и на цитатот што го објави за љубовта на синовите и мајките.
„Навистина верувам во овој цитат и затоа сакав да го споделам. Не можам да споделам многу со вас бидејќи моите деца ја сакаат приватноста, но сакам да ви кажам дека и двајцата се исклучително талентирани, а јас сум неверојатно благословена што ги имам овие две момчиња во мојот живот“, напиша таа.
Објавата собра повеќе од 300.000 лајкови за осум часа.
Следбениците се воодушевени од објавата.
„Преслатко е да се почитува нивната приватност“, „Бритни, вашите синови се благословени што имаат мајка како вас“, „Мајка на векот“, „Воспитавте прекрасни синови“, напишаа нејзините обожаватели.