Брнабиќ: Изјавата на германскиот амбасадор во Косово е брутална и безобразна

од Radmila Tasevska

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, утринава оцени дека е „брутална и безобразна изјавата на германскиот амбасадор на Косово, дека барикадите се незаконски и мора да се прекинат до Божиќ“.

Бранабиќ во гостувањето на телевизија Пинк рече дека Србите на барикадите со своето достоинствено однесување му помагаат на Белград да се обиде да дојде до дипломатско решение за оваа ситуација и дека е неверојатно што имаме изјави од германскиот амбасадор кој испраќа неверојатни пораки за сите случувања.

Премиерката упати голем поздрав до нашите на Косово, бидејќи, како што вели, се борат достоинствено и не подлегнуваат на провокации, со што, додава таа, му помагаат и на Белград да ги искористи сите дипломатски средства за да се избори за мир и основни човекови права на Србите на Косово.

Слични содржини