Силни реакции на раководните лица во Србија, откако демонстарнти синоќа упаднаа во зградата на државното радио и телевизија во Белград (РТС).

Премиерот Ана Бернабиќ го опиша ова како „вандализам“, а претседателот Александар Вучиќ ќе направи вонредно обраќање.
По традиционалниот протест против администрацијата на претседателот Александар Вучиќ, демонстрантите накратко влегоа во зградата на Радио-телевизија во Србија. Емитувањето не беше прекинато.
Нивното незадоволство е предизвикано од неојективното покривање на политичкиот живот од страна на националните медиуми.
Протестите продолжуваат денеска пред претседателската палата, каде што Вучиќ ќе се обрати.