Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе мора да остане во хотелски карантин во Австралија додека судот не донесе конечна одлука за неговата виза.
Брнабиќ за телевизијата „Пинк“ изјави дека утринава разговарала со министерот за надворешни работи на Австралија, Мариз Пејн и дека се сретнале со Ѓоковиќ за да ја добие храната што ја побарал, опрема за вежбање, лаптоп и СИМ картичка за телефонот.
– Министерката рече дека навистина сака најдобри можни односи меѓу Австралија и Србија и дека тоа не треба да се доведува во прашање, дека тие навистина даваат се од себе, дека нивните правила се тешки и строги, но дека ќе се обидат што можат, како што тие веќе направија некои работи за да излезат во пресрет, но сепак мора да ги почитуваат сите нивни правила – рече премиерката.