Брнабиќ: Горда сум што „Европрајд“ помина без поголеми инциденти

од Берта Китинска
147 прегледи

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изрази благодарност до граѓаните на Србија кои покажаа толеранција и ги разбраа повиците на државата и рече дека е горда што денот кога се одржуваше парадата поминал без поголеми инциденти.

Брнабиќ на вонредна прес-конференција рече дека оваа исклучително тешка и предизвикувачка недела полека завршува.

Во текот на денот полесно се повредени 10 полицајци, приведени се 64 лица

Премиерката Ана Брнабиќ соопшти дека во текот на денот на белградските улици биле ангажирани околу 5.200 припадници на МУП и дека полесно се повредени 10 полицајци, а оштетени се пет возила на интервентната единица на МУП.

Брнабиќ на вонредна прес-конференција рече дека нема сериозни инциденти и дека се евидентирани само два малку поголеми конфликти.

Се обидоа да не дестабилизираат од разни страни

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, вечерва изјави дека многумина сметаат дека Европрајд е можност да се дестабилизира Србија, како и на секој Прајд, но истакна и дека оваа влада обезбедила непречено одржување на овие настани од 2014 година.

„Многумина бараа можност да ја дестабилизираат Србија. Некои лево, некои десно, некои од исток и некои од запад, а ние тоа не го дозволивме. Тоа е огромен успех во овие околности и времиња. Имаа сесрдна помош од одредени медиуми“, рече таа.

Завршивме со оваа тема, се вртиме кон поголеми проблеми

Премиерката Ана Брнабиќ вечерва изјави дека државата покажала дека е сериозна и го почитува зборот кон граѓаните, дека има доверба и ги почитува своите институции, како и правата на сите граѓани.

„Се што се случи, го направивме на најдобар начин. Завршивме со оваа тема, ставаме крај и се свртуваме кон поголемите проблеми, поважните работи, подготовките за зимата и сето она што ни претстои, во однос на меѓународните предизвици“, рече Брнабиќ на вонредна прес-конференција.

Слични содржини