Брнабиќ обвинува: Купувањето на Саутемптон е направено со парите на српските граѓани

од Nikola Popovski
407 прегледи

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ се огласи на Твитер по повод информацијата дека српскиот инвеститор и бизнисмен Драган Шолак го купил фудбалскиот клуб Саутемптон.

-Оваа аквизиција кристално јасно покажува каква олигархија бевме во првата деценија од 2000-тите, кога Србија беше предводена од политичките и деловни партнери на Шолак. Сето тоа е направено со парите на граѓаните на Србија, злоупотреба на државните ресурси (Телеком) и политичката моќ,  нагласила Брнабиќ.

– Дополнително, само да свртам внимание на фактот дека Скај њуз вели дека „Јунајтед Груп“ е тајкунски медиум, напишала Брнабиќ.

Денес беше објавено дека фудбалскиот клуб Саутемптон ќе добие нов сопственик, односно компанијата „Sport Republic“, чиј главен инвеститор е Драган Шолак, основачот на „Јунајтед Груп“, во чии рамки работи и регионалната телевизија „Спорт клуб“.

На тој начин, „Sport Republic“, инвестициска компанија во областа на спортот и забавата, ќе го наследи сегашниот мнозински сопственик, Кинезот Гао Јишен, кој во 2017 година стана сопственик на 80 отсто од акциите на клубот.

Саутемптон, моментално 14-ти на табелата во Премиер лигата и веќе со месеци беше во потрага по нов сопственик.

Слични содржини