Брнабиќ: Секогаш ќе бидеме со нашиот народ на Косово, го зачувавме мирот

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска за време на посетата изјави дека Србија секогаш ќе биде со својот народ на Косово.

„Големо задоволство и голема чест ми е што сум во Космет, сакам од овде, со Косово и Метохија, да испратам јасна порака, порака за мир, стабилност и толеранција и порака од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека секогаш ќе бидеме со нашиот народ на Косово“, рече Брнабиќ, обраќајќи им се на насобраните во зградата на Мултимедијалниот центар во Косовска Митровица.

Брнабиќ истакна дека е задоволна што мирот бил зачуван и покрај провокациите.

Слични содржини