Брнабиќ: Со Тачи и Харадинај полесно може да се разговара

од Берта Китинска
200 прегледи

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ изјави дека претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе има тешка задача во Брисел, затоа што ќе мора да остави простор за дијалог, а за темите на разговорот ќе биде потребна енергија.

Според неа, Србија има три црвени линии околу Косово и Метохија што можат да предизвикаат нестабилност, а тие линии ги знаат и претставниците на ЕУ и Приштина, за кои се надева дека нема да се обидат да ги компромитираат.

Брнабиќ исто така изјави дека е полесно да се разговара со Хашим Тачи и Рамуш Харадинај, бидејќи разбрале дека е потребно да се разговара, додека Албин Курти покажува идеолошки фанатизам, без никаков прагматизам.

Слични содржини