Срамна е оценката на Фридом Хаус дека Србија назадувала најмногу во текот на минатата година, а Приштина постигнала најголем напредок, изјави денеска српската премиерка Ана Брнабиќ за извештајот за демократскиот напредок на 29 земји од Централна и Источна Европа.
Таа рече дека секој кој има разбирање за политичките околности, човековите права, медиумските слободи и владеењето на правото знае дека тоа не е точно.
„Во текот на 2021 година ја завршивме јавната расправа и го завршивме процесот за измена на Уставот. На 16 јануари имавме успешен референдум, кој за прв пат во историјата на Србија обезбедува целосна независност на обвинителството и судството“, потсети Брнабиќ.
Од друга страна, таа изјавила дека минатата година на Косово и Метохија, бројот на напади врз Србите на Косово и Метохија е зголемен за 20%.
„Приштина ги забрани основните човекови права, правото на глас. А потоа имате Фридом Хаус, која вели дека Србија најмногу назадувала, но затоа Косово има најголем напредок и нашите медиуми кои со радост ја објавуваат таа вест“, рекла премиерката.
Таа вели дека тоа се истите медиуми кои со години објавуваат дека Србија е на сивата листа на ГРЕКО групите земји кои се борат против корупцијата во Советот на Европа, затоа што се на листата на глобално незадоволителни земји, а кога во март се појави нов извештај во кој се вели дека Србија е многу подобрена и веќе не е на таа листа, никој не кажал ни збор.