272
Премиерот на Србија, Ана Брнабиќ, вечерва изјави дека земјата достигнала 2.000.000 вакцинации и додаде дека тоа е голем чекор во вистинската насока.
Таа на својот Твитер истакна дека вакцинирањето и почитувањето на епидемиолошките мерки ќе доведат до конечна победа над коронавирусот.
„Денес достигнавме 2.000.000 вакцинации. Ова е заеднички успех на сите нас – лична одговорност на граѓаните и можноста на државата да набави вакцини и да изврши масовна имунизација. Мора да бидеме свесни дека тоа во никој случај не е крај, но голем чекор во вистинската насока. Нодење маски и одржувањето на растојание е сè уште задолжително“, напиша Ана Брнабиќ.