Брнабиќ во Косово, зголемено полициско присуство

од Vladimir Zorba
198 прегледи

Во раните утрински часови граѓаните на Северна Митровица и на цело Косово се собраа да ја пречекаат премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, која денеска престојува во Лепосавиќ, Звечан и Северна Митровица.

Во еднодневната посета Брнабиќ ќе ги посети Духовната академија, ИТ центарот, манастирот Бањска, семејството Радосављевиќ во Лепосавиќ, како и винаријата Лакиќевиќ во селото Кутње.

Меѓу многуте собрани има и политички претставници на Србите. Исто така, забележливо е зголемено присуството на полицијата.

Меѓу насобраните, многумина носат транспаренти со натписи „нашата премиерка Ана Брнабиќ“, „Премиерке, ти благодарам за секое училиште, пат“, пишува Косово онлајн.

Слични содржини