Брнабиќ за донацијата на вакцини во регионот: Светот би бил многу подобро место ако сите размислиме малку за другите

од Берта Китинска
122 прегледи

Делегација од Москва денес го посети Паркот за наука и технологија во Белград, каде се сретна и со премиерката Ана Брнабиќ.

На крајот на конференцијата со претставниците на делегацијата од Москва, новинар од еден медиум ја праша премиерката зошто сега дистрибуираме вакцини во регионот, кога не ги вакциниравме сите наши граѓани:

– Светот би бил многу подобро место ако сите размислиме малку за другите. Горда сум што Србија е солидарна, што им помага на другите. Помагаме кога е најпотребно, ние во Србија имаме доволно вакцини за да вакцинираме 850 000 лица, досега се вакцинирани околу 600 000 лица, значителни количини ќе пристигнат во наредните денови, за да можеме да ги дадеме тие вакцини, да им помогнеме и да ги заштитиме нашите граѓани .  Ние сме солидарни и помагаме кога времињата се тешки, лесно е да се понуди помош кога не е потребна – рече Брнабиќ.

Слични содржини