198
Српската премерка Ана Брнабиќ во своето гостување на ТВ Прва изјави дека нејзината земја покажала солидарни во најтешките можни времиња.
-Покажавме дека сме солидарни во најтешките можни времиња. Минатата недела им испративме 20.000 Спутник вакцини на пријателите од Северна Македонија, и тие ќе ги добијат и другите дози од руската вакцина, претходно им испративме и вакцини од компанијата Фајзер, изјави српската премерка Ана Брнабиќ на ТВ Прва.
Брнабиќ додаде „дека ова нема никаква врска со политиката, но се надева дека ова ќе не зближи во иднина“.
„ Среќна сум што Србија е препознаена да може тоа да го направи и како единствена земја во светот што има таков вид солидарност“, вели Брнабиќ.