Брнабиќ за кланот на Беливук: Очигледно е дека некој што работел за државата, работел и за мафијата

од Берта Китинска
198 прегледи

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, на денешната вонредна прес-конференција зборуваше и за случајот со неодамна уапсениот Веjко Беливук, односно за луѓето од државниот врв кои му помагаа.

– Мислам дека е очигледно дека во целиот овој процес, некој што работел за државата, работел и за мафијата. Претседателот јасно стави до знаење дека имаме такви сомнежи и дека не смеат да се толерираат. И тогаш започна истрагата. Мафијата имаше некој во државните структури – во Министерството за внатрешни работи и можеби во некои други структури на државната безбедност. Сега го истражуваме сето тоа – рече Брнабиќ и забележа:

– Кој не ја заврши својата работа ќе биде строго санкциониран, бидејќи ниту една мафија не може да биде посилна од државата. Кога ги имавме првите информации, претседателот објави војна против мафијата. Никој не се криеше. Веднаш штом ги имавме информациите, дадовме зелено светло да ја започнеме оваа борба, а резултатот беше падот на кланот.

На новинарско прашање дали има нови информации во случајот Беливук, премиерката кратко потврди, но истакна дека во овој момент не може да каже повеќе за тоа, бидејќи истрагата продолжува.

Слични содржини