Брнабиќ за откажувањето на Европрајд: Ова е повеќе барање

од Vladimir Zorba
242 прегледи

Ана Брнабиќ, мандатар за составот на Владата на Србија, во врска со информациите за откажување на настанот Европрајд изјави дека државата никому не сака да ги ускрати правата загарантирани со Уставот, но дека прашање е какви последици може да има одржувањето на ваков собир врз Србија.

Таа рече дека тоа е „повеќе барање“ и дека и претходната власт „никому ништо не забранила“.

„Тоа е повеќе молба отколку да им кажеш „не шетајте“. Тоа е во согласност со Уставот, но какви последици има за нашата држава е друго прашање. Станува збор за тоа што е можно во моментов и како да ја зачуваме нашата стабилност. Жал ми е што е така, но овој септември за нас е ‘совршена бура’. Има и странски фактор кој се радува на сето ова“, рече Брнабиќ.

Да потсетиме, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во саботата изјави дека во договор со мнозинството членови на Владата и премиерот, Парадата на гордоста (Европрајд) ќе биде откажана или одложена.

Слични содржини